Богдановиќ: Груевски, цвикаш!

Од:

Саша Богдановиќ, претседател на ОО СДСМ Центар, реагира на објавата на премиерот Никола Груевски, кој одговарајќи им на амбасадорите на Твитер напиша дека народот на Република сам ќе одлучува за својата иднина.

Еве што напиша Богдановиќ:

Доаѓаат најтешките денови за Македонија. Човекот кој е најповикан да ја извади државата од криза, повторно го става народот пред себе. Народот нека страда, народот нека се кара само он да преживее.
Кој народ ќе одлучи???
Мртвите што ги ставаш на избирачки список??? Пустец и Голо брдо???
Уценуваните со инспекции??? Уценуваните со социјална помош???
Заради твоето растројство и страв од пораз на фер терен спремен си на коцка да ставиш се. Ама ти си кукавица. Човек што е лидер и има храброст, се соочува со противникот, се бори рамноправно и секогаш стои напред а не се крие зад добро платената војска. Ама ти цвикаш. Се плашиш од сопствената сенка веќе. Од тој страв ќе направиш глупости, глупости од кои некој од нас ќе настрада. Ама ако, ќе настрадаме ама ти ќе паднеш и Македонија пак слободно ќе живее!!!

Би можело да ве интересира

Центар не може да ги доброи одобренијата за градење што ги потпишал Богдановиќ на заминување

За петкатницата кај хотел „Јадран“ што ја одобрил Богдановиќ три дена пред да замине ќе одлучува Министерството за транспорт

Маја Илиевска-Пачемска

Богдановиќ три дена пред да замине дал одобрение за нова петкатница до хотелот „Јадран“ по скандалозниот план од 2012 година

Маја Илиевска-Пачемска

ВМРО-ДПМНЕ: Богдановиќ мора да одговара, во друга нормална држава ќе имаше оставка

Катерина Ѓуровски

Богдановиќ: Ако го суспендираме ДУП-от, евентуалните штети ќе ги плаќа општината

Жарко Настоски

Богдановиќ на средба со ДКСК околу укинувањето на мораториумот за градба во Центар

Жарко Настоски