Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, кој денеска присуствуваше на бадникарската прослава во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ посака поубава 2018 година и порача дека ќе направат што е можно подобри денови за граѓаните.
„Мислам дека само треба да се фатиме за работа и луѓето да гледаат само на убави работи. Доста беше бавење со политика, ние ќе се занимаваме со нашата работа, а тоа е да направиме што е можно подобри денови за нашите граѓани“, рече Богдановиќ.
„Доста ни беше од оние немили случувања кои ги имавме во 2017 и 2016 година“, порача градоначалникот на Општина Центар.