Бочварски: Во духот на овој празник да го поттикнуваме најдоброто во нас

Од:

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, се обрати по повод празникот Св. Никола.

„Нека е честит денот и празнувањето на Свети Никола.

Во редицата манифестации кои ги содржи Програмата за одбележување на овој Ден централно место зазеде вчерашната Свечена академија, но и денешното одбележување продолжува и тоа преку литургија, литија, а и кршење на празничниот колач.

Во духот на празникот, ви упатувам честитки со желби за лична среќа и духовен мир. На сите граѓани на Штип им посакувам благосостојба, љубов и бериќет. На сите вас кои го чествувате ви пожелувам добро здравје, спокоен и квалитетен живот.

Празникот да се слави во кругот на најсаканите и најблиските. Нека кај сите истакне добрина, милост, солидарост и простување, но исто така и практикување на универзалните човекови вредности.

Во духот на овој празник да го поттикнуваме најдоброто во нас и кај нашите блиски, независно од нивната етничка, верска, јазична и идеолошка припадност. Богатството на традициите и на различностите ја прави Македонија држава којашто има со што да се гордее во светот.

Ќе ги чуваме, негуваме и развиваме тие вредности во насока на создавање држава на еднакви, задоволни и среќни граѓани во Македонија. Само така ќе чекориме кон остварување на заедничките цели за успешна и просперитетна Република Македонија“, рече Бочварски.

Би можело да ве интересира

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

Доделено црковно признание во знак на благодарност на Протореј-Ставрофор Спасе Стефановски

Горан Наумовски