Бочварски вети брза урбанизација на новите индустриски зони

Од:

Изминатите години 600.000 млади луѓе заминаа од земјава. Новата реформска Влада и ние како локална власт ќе работиме на проекти за да ги задржиме во Општина Штип, порача на денешната прес-конференција кандидатот за градоначалник од СДСМ Благој Бочварски.

Според него, за да се отвараат нови работни места ќе се направи брза урбанизација на индустриските зони „Север“ и „Запад“, како и на делот покрај регионалниот пат кон Радовиш во близина на Градските гробишта.

Бочварски смета дека со овие проекти ќе се изградат нови фабрики и ќе се отворат нови работни места.

– Новата општинска власт ќе работи многу брзо, посветено, одговорно и транспарентно со цел веднаш и многу брзо да почнеме ги реализираме сите овие проекти, да го урбанизираме просторот и да можеме да создадеме услови за нови работни места. Веднаш ќе се зафатиме со решавање на проблемот, а младите ги повикувам, ги замолувам да останат овде во Штип, рече Бочварски.

Тој истакна дека се нудат низа мерки за младите да останат во својата општина. Ќе се отварат, најави, нови работни места, а владините мерки за вработување на младите предвидуваат околу 80 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски

Пожарот над Штип е под контрола

Горан Наумовски

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он