Бочварски: Обврска, одговорност и предизвик е функцијата министер за транспорт и врски

Од:

„Мандатарот и иден премиер, Зоран Заев ми ја укажа огромната чест кога ми ја врачи довербата, но и одговорноста, да бидам кандидат за министер за транспорт и врски. Ова е голема обврска и одговорност за мене, предизвик на кој ќе одговорам со сериозна, упорна, чесна и посветена работа за унапредување и осовременување на инфраструктурата на територијата на цела земја,“ рече на денешната прес-конференција градоначалникот на општина Штип, Благој Бочварски.

Тој во обраќањето на граѓаните на општината, им порача дека назначувањето за министер не е само негов успех, тоа е успех и како што рече, на нашиот град, кој после долги години добива министер во влада.

„Со тоа ние штипјани уште еднаш покажуваме на дело дека нашиот град е расадник на квалитетни кадри, но се покажува и дека нашите заложби се препознаени и уважувани од централната власт. Во новата влада дури три министри се од оваа изборна единица од истокот. Тоа е доказ дека во СДСМ се вреднува квалитетот, но и дека нашата партија има разновидна и сестрана понуда која е неоптоварена од тесно централизирано уредување, туку е насочена кон искористување на потенцијалите на секого и развивање на целата држава и потребите на сите региони подеднакво. Кон таков целокупен развој ќе продолжиме да бидеме ориентирани и понатаму,“ вели Бочварски.

Тој посочи дека во изминатите нешто помалку од три години, колку што е градоначалник, Штип доживеа градежна ренесанса, со што особено се гордее.

Прашан за тоа кој ќе го замени, Бочварски истакна дека наредните денови ќе се избере в.д. градоначалник од редовите на советниците, кој ќе раководи со општината и реализацијата на проектите. Додека за различните толкувања за тоа дали во Штип ќе има предвремени Локални избори сто дена по неговата оставка или шест месеци по завршување на функцијата на в.д. градоначалникот, Бочварски одговори дека правните експерти треба да кажат што во овој случај треба да се примени. Потенцираше дека со истиот жар ќе продолжи да се бори за она што е приоритетно, за она што ни е важно и денес, но и за следните генерации.

На прашањето дали знае кои дополнителни ингеренции ќе ги добие Министерството за транспорт и врски, Бочварски со одговор дека за ова прашање треба да следат разговори и консултации.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Детали за убиството во Штип: Убиецот ја викнал жртвата за да се смират, пиштолот го купил во Скопје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Уапсен е убиецот кој вчера пукаше во кафуле во Штип

Катерина Ѓуровски

Почина студентот од Турција кој беше застрелан синоќа во кафуле во Штип

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се трага по напаѓачот од штипското кафуле кој и побегна на полицијата кај Миладиновци

Катерина Ѓуровски

Пукање во Штип, едно лице е повредено на градскиот плоштад во Штип

Предраг Петровиќ

Пеце Ристевски назначен за в.д. директор на штипскиот Центар за култура „Ацо Шопов“

А1он