Бочварски: Никогаш повеќе личните желби на поединци нема да бидат над интересите и потребите на граѓаните

Од:

Благој Бочварски, потпретседател на СДСМ, денеска одржа прес-конференција на која што кажа дека додека мнозинството граѓани живееле под прагот на сиромаштија, во долгови и со блокирани сметки, функционерите од ВМРО-ДПМНЕ нивните пари ги трошеле на ручеци со егзотична и ексклузивна храна, на скапи хотели, костиуми, чевли и спа третмани, игнорирајќи ги потребните на граѓаните. Набавката на два ЛЕД монитори со вкупна цена од еден милион евра, според Бочварски, е последен доказ за расипничкото владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

– Наместо парите да бидат инвестирани за подобрување на животот на граѓаните, од ВМРО-ДПМНЕ ги потрошиле овие пари за набавка на монитори кои на ниту еден начин не им помагаат на граѓаните, освен што можеби преку нив било планирано да се емитува скапата пропаганда на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, рече Бочварски.

Како што кажа тој, СДСМ, преку новата Влада која што ја предводи ќе стави крај на ваквиот безобразен однос кон парите на граѓаните.

– Ребалансот на Буџетот ги крати непотребните и скапи трошоци, а парите се враќаат назад кон граѓаните. Со ребалансот, ќе се обезбедат пари за трајно решавање на проблемот на стечајните работници, околу 70 000 граѓани веќе од септември ќе добијат повиска минимална плата од 12 000 денари, ќе се зголемат средствата за подигање на ученичкиот стандард и повисоки стипендии и школарини а ќе започне и проектот Младинска гаранција која на младите ќе им понуди можност за доедукација, вработување или платена пракса, рече Бочварски.

Тој додаде дека преку одговорно и домаќинско работење, новата Влада предводена од СДСМ ќе ги враќала парите кај граѓаните и ќе отворела простор за реформи што ќе го подобар животниот стандард.

– Никогаш повеќе апетите и личните желби на поединци нема да бидат над интересите и потребите на граѓаните како што тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 11 години, заврши Бочварски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Дали познат доктор и поранешен градоначалник одбил функција во раководството на СДС затоа што не го смета Филипче за релевантен?

Мицкоски рече дека тој побарал да се блокираат исплатите за ИПАРД, СДСМ вели дека лаже

Катерина Ѓуровски

Николовски: Власта крие, ИПАРД програмата е стопирана

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

(ВИДЕО) Кузеска: Македонија е на дното по стандардот на живеење, власта не ни помислува на покачување на платите

А1он

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД