Бочварски ќе тужи до Управен, дрвата не ги донирал за поткуп на гласачи

Од:

Благој Бочварски, градоначалникот на Штип, за „А1он“ изјави дека огревното дрво не го донинрал за поткуп на гласачи како што се сомневаат од Антикорупциска, кои најавија поведување прекршочна постапка против него. Бочварски тврди дека не го прекршил Изборниот законик и кога ќе пристигне ќе ја обжали одлуката на Државната комсија за спречување корупција пред Управен суд.

„Не сум против работата на Државната комсија за корупција,но во случајот со донација на дрва нема поткуп на гласачи. Не знам зошто ДКСК не го земала предвид решението што го имам потпишано за донацијата на дрвата, од 12.12. 2018 година, што е многу порано од почетокот на кампањата. Имаме аргументи и ќе поднесеме тужба до надлежен суд. Дрвата ги дониравме сега кога им требаат на граѓаните, што ќе им се во јуни кога ќе затопли. Станува збор за два кубика дрва за три четири семејства. Ова го направивме за да им помогнеме на семејствата во ризик, кои ни се обратија, од хумани причини, а не поради поткуп на гласачи“, изјави градоначалникот Бочварски.

Антикорупционерите случајот за делење дрва против Општина Штип го покренаа по претставка од ВМРО-ДПМНЕ. Во приговорот било наведено дека Општината ангажирала пожарникари да делат дрва во време на кампањата како донација и дека се злоупотребени „Македонијапат“ и „Македонски шуми“.

Доколку функционер од власта го прекрши Изборниот законик предвидена е глоба во износ од 1.000 до 2.000 евра.

Инаку слично беше и во времето кога ВМРО-ДПМНЕ беше власт, а СДСМ опозиција. Во изборната кампања, мета на манипулации беа најзагрозените граѓани на кои им се делеше брашно, шеќер и зејтин. Тогашната опозиција често ја критикуваше власта за ваквите потези и тврдеше дека на овој начин се корумпираат гласачите.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Продолжен притворот за родителот, кој физички нападна двајца малолетни фудбалери на штипскиот стадион Бело Брдо

Во штипско Ново Село одбележани 101 година од убиството на Тодор Александров

Костова со осуда на инцидентот во Штип: Бебзедноста крахира, Тошковски да си даде оставка!

Уапсени тројца штипјани, криеле автоматски пушки и муниција

Горан Наумовски

13 кандидати за претседател на ДКСК

ДКСК ќе поднесе иницијатива за утврдување одговорност во АД Електрани