Блокадите на Скопје остануваат и ноќеска, градоначалничката Арсовска се сокри од медиумите

Од:

Приватните превозници остануваат на блокадите и ноќеска. Автобуси се паркирани на крстосницата кај ТЦ „Мавровка“, на крстосницата кај Црвен крст и на Илинденска кај бараките на Градското собрание, но цел град е непрооден и граѓаните заглавуваат во автобусите и автомобилите и по еден час.

Ленин Јовановски од „Слобода превоз“ кој денес во име на сите приватници рече дека ќе блокираат се додека градоначалничката или некој од градската администрација не ги повика да разговараат за решавање на проблемот со долгот од близу два милиони евра кон нив, попладнево рече дека никој не ги побарал.

„Ниту градоначалничката, ниту службите од Градот, ниту пак некој од ЈСП не побара. Блокадата останува се до исполнување на нашите барања, нема отстапки, автобусите нема да ги поместиме од места каде што се веќе паркирани“, рече попладнево Јовановски за „А1он“.

Градоначалничката Арсовска минатата недела веќе изјави дека нема намера да разговара со претставници на приватните превозници оти „не се разговара со некој што ве навредува“. Денес не излезе пред нив иако дваесетина автобуси беа паркирани токму кај бараките на Град Скопје, а се сокри и од медиумите. Сите новинари кои го следеа пресот на Јовановски на Илинденска, веднаш побараа изјава и од градоначалничката. Таа не излезе, а од нејзиниот кабинет известија дека е на неодложни координации кои не може ниту да се прекинат за да излезе да даде изјава. Најавија и дека можеби градоначалничката ќе направи прес-конференција, но до објава на текстот прес-конференција не беше закажана.

Додека приватниците тврдат дека Градот им должи близу два милиони евра и блокираат за да издејствуваат да им се плати долгот, а градоначалничката, пак, тврди дека нема долг кон нив, заложници на ваквите докажувања се граѓаните кои и утре нема да можат навреме да стигнат на работа, во болница, на училиште.

Токму на револтот на граѓаните сметаат приватните превозници кои очекуваат граѓаните да реагираат за да се издејствува некаково решение.

Градоначалничката Арсовска им ги раскина договорите на приватните превозници оти не ги исполниле обврските од договорите и најави дек ана нов оглас ќе бидат нови приватни превозници, а право да се пријават ќе имаат и сегашните.

Би можело да ве интересира

Град Скопје: Трајко Славески не прифати седница за донирање на месечните паушали за Леонид

Предраг Петровиќ

Дива депонија во Визбегово, Арсовска најави кривични пријави

Стојановски: Утре изутрина од 4:45 часот јавниот градски превоз ќе продолжи нормално да функционира

Предраг Петровиќ

Советот на Град Скопје ја донесе одлуката за давање субвенции на ЈСП Скопје за 2024 година

Град Скопје: Вработените во ЈСП Скопје без плата, а граѓаните на Скопје без превоз

Левица: Итна седница на Советот на Град Скопје, Трудот на работниците во „Флораком“ и „Луна“ мора да биде исплатен

А1он