Блер: Иднината им припаѓа на луѓето со отворен ум

Од:

Иднината им припаѓа на оние со отворен ум, а патот до мирот и просперитетот ќе се постигне само доколку сме партнери едни со други, а не спротиставени страни, истакна вечерва поранешниот британски премиер Тони Блер, кој присустувува на Самитот за мир што се одржува во рамки на првиот Сахара Балкански мировен фестивал.

– Вистинската разлика денеска е помеѓу оние што имаат отворен ум и оние што имаат затворен ум, на оние што го гледаат светот воден од можностите за поврзаност и глобализација и оние коишто сакаат да се затворат и да се изолираат од таа глобализација и она што не зближува го гледаат како закана. Јас не сум песимист за светот во кој живееме. Секогаш сум оптимист и мислам дека секогаш во себе можеме да ја најдеме силата да ги надминеме предизвиците, нагласи Блер.

Честитајќи им на организаторите за иницијативата да се организира еден ваков настан, Блер рече дека нема подобар ден да се прослави идејата за отворениот ум, отколку денешниот ден.

– Македонија е важна земја во која навистина слободно се истакнува тоа чувство, бидејќи овде во Западниот Балкан во текот на минатите години имаше толку многу конфликти и потешкотии и понекогаш луѓето стануваат цинични и песимистични во однос на тоа дали е можен прогрес и напредок. Но размислите за минатото и видете колку е подобра сегашноста од тоа што било порано и потоа размислете колку подобра може да биде иднината. Оваа прослава на мирот не е само прослава на емоции, тоа е всушност прослава на моќта на човечноста да го користи разумот за да ги надмине проблемите и да продолжи понатаму кон поголем прогрес, нагласи Блер.

Би можело да ве интересира

Прашината од песок од Сахара која падна во Франција, содржи радиоактивен елемент цезиум 137

Ана Ололовска

Алжир ја отфрли одлуката на Трамп, кој призна суверенитет на Мароко над Западна Сахара

Ана Ололовска

Куче херојски истрча 160 километри преку Сахара

Трамп предложил изградба на ѕид во Сахара за да се спречи илегалната миграција во Европа

Наум Локоски

ФОТО: Снег падна во пустината Сахара втора година по ред

Ана Ололовска

По 37 години падна снег во Сахара

Ана Ололовска