ВМРО-ДПМНЕ: Во случајот со Сахара груп, нема штета по државата

Од:

Во случајот со Сахара груп нема штета по државата, истакнува ВМРО-ДПМНЕ во денешната реакција на прес-конференцијата на портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

– СДСМ е партијата која не успеа за сите години владеење да донесе макар една инвестиција. Само да го потсетиме Шилегов и СДСМ, Владата на ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период успеа да привлече десетици големи странски инвестиции и компании како Џонсон Котролс, Џонсон Мети, Кемет Електроникс, Кромберт и Шуберт, Дрекслемаер, Ван Хол, Амфенол, Технохозе, Продис, Стилкон, Гришко, Суташ и други, кои отворија над 11.000 нови работни места. Едноставно, ние работиме и носиме инвестиции, а СДСМ не правеше ништо, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Во однос на политиката на привлекување на инвестиции, како што соти во текстот, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ би била неодговорна доколку не би ги овозможила сите информации на кој било што сака и пројавува интерес да инвестира во Македонија.

– Во случајот со Сахара груп нема штета по државата. Поставена беше банкарска гаранција чија цел е заштита на интересите на државата. Исто така постапката во случајот со Џумајлија беше реализирана јавно и тоа со меѓународен повик. Оттука сосема е јасно дека Владата постапи одговорно, а пресовите на Шилегов се само сеење магла. Владата постапила исто како и со секој друг инвеститор. Ова покажува дека Владата се бори за секое ново отворено работно место, нешто што ќе продолжи да го прави, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му