(ВИДЕО) Ставревски: Инвестицијата на „Сахара груп“ станува реалност

Од:

ВМРО-ДПМНЕ вчера соопшти дека ниту премиерот Никола Груевски ниту Владата некогаш рекла дека Субрата Рој ќе инвестира во Македонија, меѓутоа сепак некои од нив конкретно посочија дека инвестициите се реалност.

На крајот на август 2013-та, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставревски-член на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ изјави дека инвестицијата на „Сахара груп“ во Македонија е најголема инвестиција во земјоделието во последните 25 години во земјата и дека е реалност.

Изјавата на Зоран Ставревски следуваше од како со министерот за земјоделие Љупчо Димовски симболично ја изораа првата бразда во агрокомбинатот Џумајлија.

„Би сакал да истакнам дека преоктот на „Сахара груп“ за инвестирање во македонското земјоделство посебно во млекопроизводството денес станува реалност. Тоа е најголемиот проект или најголемата инвестиција во македонското земјоделство во последниве 25 години“, рече Зоран Ставревски во август 2013-та.

Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ вчера до медиумите испратија соопштение каде напишаа дека премиерот Никола Груевски и Владата не рекла дека Субрата Рој ќе инвестира во Македонија.

„Владата и премиерот Груевски никогаш не рекла дека ќе инвестира, ниту дека нема да инвестира. Владата единствено соопшти дека компанијата пројавила интерес, а самиот сопственик на компанијата изјави дека ќе инвестира. Прашањето дали таа ќе инвестира или нема да инвестира, е тема која зависи од самиот инвеститор, а задача на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е да се бори за секое новоотворено работно место кое значи егзистенција за граѓаните и многу семејства“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски