Благоја Василевски: Разговорот со брат ми беше семеен

Од:

На 27 април 2017 година бев на службен пат во Виена. Се слушнав со Александар, разговорот беше семеен, разговаравме за здравјето на нашата мајка, рече Благоја Василевски брат на обвинетиот Александар Василевски Нинџа.

-Кога сум на пат имам зголемен број на активности и внимавам на тоа да не правам разговори по телефон. Примив порака од 17 до 19 часот од мојот брат и вратив на пораката, рече Василевски.

Братот на Нинџа, Благоја Василевски во Виена бил во својство на обезбедување на експремиерот Никола Груевски. Во јавноста имаше шпекулации дека Груевски токму преку Благоја Василевски ја издал наредбата за упад во Собранието, но засега ниту еден доказ во постапката не наведе на такво нешто.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги