Блага и просечно влажна зима во Македонија

Од:

Блага и просечно влажна зима ќе има годинава во Македонија. Тримесечната прогноза покажува дека постои голема веројатност температурата за зимскиот период  да биде повисока од просечно многугодишната за периодиот 1981-2010 година.

Поголема веројатност за повисоки вредности од просечната постои во североисточниот дел на земјата, но тоа надминување нема да биде повеќе од 3 степени, информира Управата за хидрометеролошки работи врз основа на материјалите превземи од Европскиот Центар за среднорочна прогноза на времето во Рединг и Виртуелниот Центар за климатски промени за Југоисточна Европа.

Во овој период се предвидува количеството на врнежи да биде во границите на повеќегодишниот просек.

– Просечната температура за зимата измерена во Македонија е во опсег од -1,5 во Маврово до 5 степени целзиусови во Гевгелија, а врнежите од 90 милиметри во Штип до 318,9 во Лазарополе. Изгледите за потопла и просечно влажна зима не ја исклучуваат веројатноста за појава на одредени периоди со постудено, суво односно влажно време со изразени отстапувања од вообичаените просечни вредности на температурата и врнежите, се вели во соопштението од УХРМ.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска