Битолчани ги испокршија рацете и колковите на мразот

Од:

Битолачани ги испокршија рацете и колковите на мразот што ги закова улиците низ градот. Неисчистените тротоари , студот и мразот и оваа зима го наполнија одделот за ортопедија во Клиничката болница во Битола. Повеќе од 20 битолчани се згрижени во последните два дена. Најмногу од нив се со скршени раце, а дури седум со скршени колкови, потврдуваат од болницата.

– Значително е зголемен бројот на пациенти со скршеници во нашата болница во изминатите 48 часа. Најчесто страдаат рацете и колковите. Дури седум паценти имаме со скршени колкови во последните 24 часа -потврдува Јагода Стојановска, портпаролка на Клиничката болница – Битола.

Според неа, операционата сала на ортопедија постојано е зафатена, а со оглед на временските услови, бројот на граѓани со скршеници се очекува уште повеќе да порасне.

– Денска имаме закажано девет операции на ортопедија. Но, и за наредните денови се очекува оваа бројка да се зголеми со оглед на фактот што студот не попушта. Ова е речиси вообичаена слика за овој период од годината кога температурата е значително ниска – вели Стојановска.

Битолчани паметат дека полни болнички кревети на ортопедија имаше во зимата 2011 година кога Битола беше закована со сибирски студ со температура до -30 Целзиусови степени.

Мета

Би можело да ве интересира

Силувано е 12 годишно девојче во Битола – ОЈО води истрага за 36 годишник

А1он

Безживотно тело на битолчанец извлечено од реката Драгор

Поплавени улици во Битола по обилниот дожд во градот

Обвинителството започна истрага за грозоморното убиство во Битола

Убиство во битолската населба Баир, жртвата е млада жена

Катерина Ѓуровски

Поради свлечиште затворена обиколницата околу Битола, сообраќајот се пренасочува преку градот