Битката за Кичево

Од:

Чин Први-СДСМ фрлија ракавица до ВМРО-ДПМНЕ за Кичево да поддржат еден кандидат.

Во чинот први конфирмираа дека Законот за локална поделба е со федерално/конфедерален терк. Законот  беше сепак унитарен, а СДСМ од унитарен со ваква изјава прави подлога за федералистичко толкување.

Чин Втори-СДСМ неколку пати на грбот на Албанците поентира во Парламентот.

Глумејќи патриоти поголеми од Груевски заборавија дека економски тонеме што е заедништво со другите етникуми во Македонија. Унитарно економско тонење со заеднички проблеми.

Груевски и овде ги надигра, заменуваќи го економското тонење со националистичко/емотивна реторика. На ваков лизгав терен, Груевски сто пати ќе ги лизне.

„Патриоти“ како ВМРО-ДПМНЕ се станува со потрошени/исчадени 1-2 милијарди евра, а не инстант патриоти без ресурси и само вокабулар.

Чин Трети-СДСМ и чествување на загинати на ОНА

Критикувајќи го Бесими се изедначија со вокабуларот со ВМРО-ДПМНЕ, почеток на подвојување на македонски и албански блок. Крупна грешка, се гледа дека по крупни теми немаат ресурси.

Треба да им се помага. Изанализиравме дека е дневна политика, но дека треба да ги спрегнат капацитетите и убаво да ги анализираат крупните теми. Во ова не требаа ни да помислат да се мешаат туку да свират со уста и да гледаат таванот.

Чин четврти-СДСМ го поддржа Законот за бранители

Крупна изјава дека ќе го поддржат демек новиот Законот за бранители. Овој закон е инаку истиот што беше само додадени 2-3 работи. СДСМ требаше да го одбрани стариот и да предложат 2-3 амадмани. Толку е различен овој новиот од стариот.

И ВМРО-ДПМНЕ тоа го знае, но го развива како тема со ДУИ. И СДСМ пак влезе во стапица. Веќе се изедначија со ВМРО-ДПМНЕ по пристапот за решавање на „албанскотите проблеми” кај албанскиот лекторат.

ДПА, врјќајќи се од Турција одлучи да ја напушти коалицијата со опозицијата.

Ноќешната изјава на Тачи соодетствува со изјавата на СДСМ за Кичево. Еве коалиција во политиката каде сите тврдеа дека невозможна, станува возможна.

Да не заборавиме СДСМ на ВМРО-ДПМНЕ први им понудија таква коалиција. Ако е ова дефанзива на таа и таква коалиција, СДСМ подобро да молчи денес по темата и да не изјавува ама баш ништо.

Во ваква корелација на односи, Руфи Османи е пред збришување на неговата партија од политичката мапа во Македонија. СДСМ мора да го спасува ако и тие сакаат да останат на двете нозе и свесни за последиците кои можат да настанат од ваков развој на ситуацијата.

Дневно политичките финти за патриотизам ќе ја дефокусираат економската катастрофа што е бомбона за оваа влада.

Останува СДСМ да ги поддржи амадманите на ДУИ или да влета во патриотска коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

До вакво срање околу Кичево требаше својски да се одработи, СДСМ ненамерно го стори тоа од баш дневна политика.

Добро е што има неупатени оптимисти кои ќе не замараат дека Тачи не е сериозен дека нешто блефира, па дека Кичево секако ДУИ ќе победеле. Па дека на раководството на СДСМ им било преку глава од патриотизмот на Груевски.

Доволно ќе беше сепак СДСМ да се држи до економските теми. Легитимни незадоволства од економската состојба не само да подржи туку да влезе внатре во нив.

СДСМ патриотски може да се држи до проблемот со името. Но, СДСМ не смееше да собира поени преку албанските отворени проблеми додека ВМРО-ДПМНЕ прославува 100 години Кумановска битка. Овој проблем со името е внатрешен, дестабилизирачки каде што нема дневна политика туку правилно одмерени чекори во кревка ситуација.

За нарушување на состојбата каде е начната безбедносната ситуација нема оправдување. Ваква поделба ќе носи уште повеќе проблеми во мултиетничките средини, до избори.

СДСМ е партија која не смее да дозволи да се пропадне во ужасот на национализмот, загрозувањето на унитарноста, а посебно е проблематично што веќе индиректно влегоа во сојузот со мрачни сили на етничко поделено општество.

И сега што ќе биде следното прашање. Национализмот ли ќе ја надвие оваа економска беда и така ќе се оди на локални избори?

За олкава лоша проценка на СДСМ во модерните земји се пристапува и на предизборно луфтирање на партијата од здравословни причини.

Оптимистите нема ни да веруваат дека е за тоа пет после дванаесет. Од суети и инаети држава не се прави.

На Македонија и требаат „коалиции за леб”, а најмалку е потребно лебот да се заменува со кревање на емоциите и национализам. Национализмот секако ги премина сите можни граници и потрошени милијарди евра. Борбата со него е едниствено можна во оваа прилика со –Леб и Демократија.

Даме Чкатровски

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска