Билјана Ванковска од Струмица: Ние сме несреќни и со право мораме да бидеме гневни

Од:

Кандидатката за претседател на Левица, Билјана Ванковска, кампањата за претседател, под мотото „Го враќаме достоинството на нацијата“, ја почна од Струмица. Таа од вечерашниот митинг порача дека себе си се дефинира како можен претседател на сите граѓани, бидејќи така пишува во Уставот и би била претседател на сите сиромашни, сите обесправени, сите дискриминирани, а такви, како што рече, има и меѓу Албанците, и меѓу Ромите, и меѓу Србите, и меѓу Власите и меѓу сите.

-Ние сме сите по таа класна основа обесправени, без оглед што јас доаѓам од привилигиран слој на академска фела, но овој систем е неправеден и кога некој ќе ме праша што е среќа, дајте дефиниција на среќа, во американскиот Устав има формула да трагаш по својата среќа. Како да бидам среќна ако моите сограѓани се несреќни. Како да бидам среќна кога просат по улици, како да бидам среќна кога денес пред штабот ме запира човек бездомник. Ние сме несреќни и со право мораме да бидеме гневни, рече Ванковска.

На митингот се обрати и лидерот на партијата Левица, Димитар Апасиев кој истакна: „Тачевизмот е највисок стадиум на ЗАЕВИЗМОТ и затоа Левица ја почнува својата кампања од бастионот на заевизмот. Да му брцнеме во очи на оној кој направи штета за две генерации!“

Апасиев, во своето обраќање истакна дека неговата партија е последното жарче на македонизмот и затоа нивната историска задача е многу поголема.

-Ни наметнаа лузерски менталитет, но ние никогаш не сме биле лузерски народ и затоа тоа што тие го претставуваат за победа, всушност е пораз, бидејќи изгубија од бугарска дупломатија, од грчка дипломатија и нема од кого не изгубија и сакајќи да ни го наметнат тој менталитет ни го наметнуват „јенки вазалството“ како примарна догма и тој сервилен однос кон странците не доведе до „амбасадократија“, рече Апасиев.

На собирот се обрати и носителот на листата на Левица на четвртата изборна единица, Сашко Јанчев, кој рече дека оваа партија ќе се бори до крај против најголемата закана за струмичката котлина – Рудникот Иловица.

Претходно кандидатот за претседател на Левица, Билјана Ванковска, се обрати и на митинг во Радовиш.

Би можело да ве интересира

Апасиев: Следната недела Левица поднесува закон за патни трошоци за работниците

Левица во Корча – Албанија: Поддршка за македонското малцинство против бугаризација на Македонците

Апасиев: ДПМНЕ за првпат не дозволи пратеник да се обрати на јавна расправа во Собрание

А1он

Апасиев до граѓаните: Посочете лица кои ќе бидат јавно сослушани за аерозагадувањето

Горан Наумовски

Апасиев: Ограничен мандат и кривична одговорност за судиите

А1он

Апасиев: Благодарност до сите кои ја прифатија нашата иницијатива за надзорна расправа за аерозагадувањето

А1он