Апасиев: Следната недела ќе закажам посебна седница за трагедијата во „Пулс“

Од:

Пратеникот и претседател на Левица, Димитар Апасиев, соопшти дека следната недела во Собранието, во својство на претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, планира да закаже посебна комисиска седница на која ќе се разгледува добиената претставка од „Здружението 16 Март“ на родителите од Кочани.

-Како претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот во Собранието на РМ, следната недела планирам да ја закажам посебната комисиска седница на која ќе се разгледува добиената Претставка од „Здружението 16 Март“ на родителите од Кочани, на која ќе се расправа за изнесените наводи поврзани страшната трагедија во дискотеката „Пулс“. На седницата официјално ќе бидат поканети и претставници на подносителите, објави Апасиев.

За време на саботниот „Марш на ангелите“ во Скопје, додава Апасиев, семејствата на загинатите во „Пулс“ побараа пратениците да иницираат надзорна расправа и посебна анкетна комисија за целосно и независно испитување на случајот

Би можело да ве интересира

Вештак на судењето за „Пулс“: Документацијата за дискотеката била делумна и немала правна важност

Братот на престседателката на Кривичен суд меѓу новообвинетите за „Пулс“

Заврши сослушувањето на вештакот Русески за „Пулс“, остана на ставот дека немало реконструкција на објектот

Средба на министерот Клековски со повредени од пожарот во „Пулс“

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

ВИДЕО: Апасиев донесе слика од премиерот и неговиот баџанак и го праша за бизнисите, Мицкоски му рече дека е кукавица

Катерина Ѓуровски