Бигорскиот манастир подготвен за велигденските празнувања

Од:

Се прават последните подготовки за вечерната служба за Христовото воскресение – Велигден во македонското древно светилиште „Свети Јован Крстител“, каде се очекува присуство на голем број верници и граѓани.

Уште од почетокот на страсната недела во Бигорскиот манастир престојуваат голем број верници. На овој верски празник во манастирот присуствуваат повеќе од две илјади верници од сите делови на земјата и од странство. Некои од нив остануваат во Бигорскиот манастир и по неколку денови.

Христовото воскресение вечерва ќе биде дочекано и во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар каде, како и во сите храмови на МПЦ – ОА, ќе се одржи саботна ноќна богослужба.

Би можело да ве интересира

ЈСП со променет ред на сообраќај и работно време за празниците

Германските трговци очекуваат слаба продажба за време на празничната сезона

Во 2025 година пет продолжени викенди

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска