Бидете внимателни – По невремето скинати кабли од струја, паднати бандери

Од:

Скинати кабли и паднати бандери од невремето. Има опасност од повреди предупредува ЦУК, од каде истакнуваат дека засега се пријавени два случаи во кои има животнозагрозувачки ситуации.

– На бројот за итни случаи 112 пријавено е дека во с. Говрлево, месност „Брзовец“, е скинат кабел од струја и е животозагрозувачки, бидејќи виси на патот. Веднаш од страна на Регионалниот ЦУК Скопје се известени екипите на ЕВН и за кратко време истото опасниот електричен кабел се очекува да биде отстранет – посочуваат од ЦУК.

Покрај оваа информација во ЦУК, на бројот 112 имало пријава дека на улица „191“ во Горно Лисиче има скршена бандера од струја којашто виси над дворот од куќата и се држи единствено на каблите.

– Постои опасност да падне. Од страна на Регионалниот ЦУК Скопје се известени надлежните служби за остранување на опасноста – посочуваат од ЦУК.

Би можело да ве интересира

Прва координативна седница на Главниот штаб за управување со кризи за справување со пожарите

A1on

Најмногу дожд наврна во скопско Црешево и Гази Баба

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите

Невремето предизвика поплави и штети во повеќе региони

Ѓорѓиевски: Со навремена и координирана реакција спречивме поголеми последици од невремето во Скопје

Предраг Петровиќ

Невремето во Скопје направи пустош, поплави и заглавени возила

Предраг Петровиќ