Синоќа на ТВ НОВА водителката се однесуваше како светот да ја призна земјава под уставно име.
Бети под адреналин, се’ уште не прифаќа што и’ се случува. Доволно ноќи не преспала од СЈО. Вчера, можеби и и’ олесна, бидејќи (по)тешко е да те држат во неизвесност.
А Миле: дефокусиран, исплашен, гневен, депресивен. Горе-долу, и двајцата во прилог на состојбата. Гледаат дека нема назад.
Но затоа, никако не можам да ја разберам новинарката во студиото. Никако! Што се смееше, бре девојко додека зборувавте за сериозни сомнежи за криминал и грабеж на народот? Кому му се потсмеваше Ти синоќа? На народот? Во која и да било нормална земја, за време на емитување на емисијата веќе ќе имаше толпа народ што ќе го бранеше своето достоинство.
Девојко, ништо не е смешно! Па зарем не виде дека и Бети и Миле беа запрепастени од улогата што сте (се) договориле да ја одиграш?! Да, не можеа да веруваат дека ќе го надминеш сценариото во кое требаше да испаднат жртви, а не херои.
Ти се смееш, а ним им гори. Што (беш)е смешно, недоквакана една? Што има смешно во грабежот на Твојот народ?
Нејсе, нема закони во оваа земја, во спротивно ќе беше “симната” од екран проследено со извинување до граѓаните. Не, навистина, што ли е смешно недоквакана една, со двајца соговорници наспроти тебе со обвиненија за народен грабеж?
Дејан Блажески