А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Бесплатно зимување за 1.000 деца во социјален ризик

by А1он28/12/2016 - 11:08217
Share0

Министерството за труд и социјална политика почна постапка за прибирање барања на лица корисници на социјална парична помош, постојана парична помош, посебен додаток, детски додаток, родителски додаток како и деца без родители и родителска грижа, за користење на бесплатна услуга за одмор и рекреација за своите деца во текот на зимскиот распуст за учебната 2016/2017 година.

Добивај вести на вибер

Со овој проект, како што информираат од Министерството за труд и социјална политика, предвидено е да се опфатат 1.000 деца родени во периодот од 2002 до 2007 година или деца редовни ученици кои во учебната 2016/2017 година посетувале петто, шесто, седмо, осмо и деветто одделение и деца корисници на посебен додаток до 26 години.

Оваа услуга ќе ја користат деца од семејства корисници на социјална парична помош, постојана парична помош, детски додаток, родителски додаток, децата без родители и родителска грижа, родени во периодот од 2002 до 2007 година и/или деца редовни ученици кои во учебната 2016/2017 година посетувале петто, шесто, седмо, осмо и деветто одделение и деца корисници на посебен додаток до 26 години.

Услугата ќе се користи почнувајќи од 2 до 17 јануари 2017 година, односно во три смени од по шест дена, во Детското одморалиште „Бегова Корија“ Крушево.

Услугата на бесплатен одмор и рекреација за деца опфаќа пет полни пансиони (ноќевање со три оброка дневно), едукативни, забавни и спортски активности. Децата корисници на посебен додаток имаат право на придружник за време на одморот.

Превозот на децата од одреденото место од страна на надлежниот Центар за социјални работи до одморалиштето и обратно ќе биде организиран.

За време на користење на бесплатна услуга за одмор и рекреација на децата ќе бидат ангажирани и волонтери на Црвениот крст на Македонија и одговорни лица од Центрите за социјална работа.

Министерство за труд и социјална политика ги повикува заинтересираните лица корисници на социјална парична помош, постојана парична помош, посебен додаток, детски додаток, родителски додаток како и деца без родители и родителска грижа, да се јават за користење на бесплатна услуга за одмор и рекреација за своите деца.

mtspsocijala

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

Горан Наумовски15/04/2024 - 11:44

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Горан Наумовски21/02/2024 - 14:15

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски30/08/2023 - 12:3330/08/2023 - 13:54

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска30/05/2023 - 13:16

Стефковски: Тренчевска ја врати разрешената директорка

Ана Ололовска26/05/2023 - 20:58

Стефковски: Скандал – Преку медиумите дознав дека ни се одземени надлежностите за градинката

Ана Ололовска23/05/2023 - 13:57
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен