Бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачкото право

Од:

Во канцеларијата на Народниот правобранител утре, на денот на одржување на предвремените парламентарни и вториот круг од претседателските избори, од 7 до 19 часот ќе функционира бесплатната телефонска линија 0800-54321, на која граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право.

Народниот правобранител соопшти дека ќе бидат отворени сите седум канцеларии, во Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип, со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права.

Покрај лично во канцелариите и на бесплатната линија, граѓаните ќе можат за заштита на своите права да се јават и на телефонските броеви:  Тетово 044/344-082, Струмица 034/329- 996, Кичево 045/228-586, Битола 047/242-310, Штип/032 389-701 и Куманово 031/431-488.

– Народниот правобранител, правата на граѓаните ќе ги штити со  преземање итни мерки за ефективно постапување од страна на  надлежните органи во изборниот процес и другите институции, кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права. Избирачкото право е уставно загарантирано како еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање и никој не смее да биде повикан на одговорност заради остварување на ова право, поради што не случајно повредата на слободата на определувањето на избирачите како и други повреди на избирачкото право се казниви дела, соопшти Канцеларијата на Народниот правобранител.

Би можело да ве интересира

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618

ДИК почна да ги објавува првичните резултати од гласањето: Радически има 891 глас, Усеини 438, Радески 226