Бесими: Членството на Македонија во ЕУ и НАТО – неопходни за стабилноста на регионот

Од:

Евроатлантските интеграции и членството на Република Македонија во ЕУ и НАТО е работа што е неопходна за стабилноста на регионот и тука нема простор за емоции или за ентузијазам. Ова е едноставна работа што треба сите заедно, било тоа да се владејачки политички партии, било да се опозициски партии, да си го сработат своето и да ја постигнеме целта, вели министерот за одбрана Фатмир Бесими во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Во врска со намалувањето на средствата во буџетот за модернизација на армијата и за учество во мировните мисии, Бесими истакна дека креирањето на буџетот не е прашање на согласност на еден министер или министерство, туку оти тоа е прашање на цела влада.

Ние како ресорно министерство и јас лично, додава тој, информирав за тоа што беше во последниот извештај на НАТО во однос на реформите, во однос на модернизацијата. Реалните економски прилики во Република Македонија не ни создадоа таков простор за да можеме во оваа фаза да алоцираме повеќе средства за модернизација. Тоа е прашање што Република Македонија ќе го направи на долгорочен план.

– Факт е и треба да се спомене дека и покрај овие периоди на намалување на буџетот, цело време средствата што се наменети за меѓународни мировни мисии останаа на исто ниво и тоа ја покажува политичката позиција на Република Македонија „визави“ целите на НАТО, остануваме кредибилен и доследен партнер за остварување на целта на НАТО, односно воспоставување на глобалниот мир, рече Бесими во интервјуто за Радио Слободна Европа.

Министерот за одбрана смета дека сите работи што се случуваат во овој период се одраз на недоволното работење на меѓуетничките односи.

– Не би одделил една политичка структура или друга, тука треба на моменти да бидеме и самокритични, дека недоволно е работено, сега зборувам не за политички периоди, туку генерално за меѓуетничките односи. Треба уште повеќе да работиме на меѓуетничките односи, ова е само сигнал дека Република Македонија има уште работа за подобрување на меѓуетничките односи, меѓутоа тој пат треба да се оди и Македонија чекори по тој пат со сите предизвици што ги има. Тој пат е јасен, тој пат е Македонија во ЕУ и во НАТО, изјави Бесими.

Би можело да ве интересира

НАТО би можело да се распадне, порака од Русија

Кошта: Не ни е потребна Унгарија за да го продолжиме процесот на пристапување на Украина кон ЕУ

Горан Наумовски

Орбан: Пристапувањето на Украина во НАТО би довело до војна Европа и би запалило „буре барут“

(ВИДЕО) Филипче: СДСМ обезбеди македонскиот јазик и идентитет во ЕУ да бидат чисти, признати и без никакви додавки, тоа беа нашите црвени линии

ЕУ ја критикува состојбата во Газа, но нема да го прекине трговскиот договор со Израел

Песков: Путин и Трамп никогаш не разговарале за заканата од Русија за НАТО