Анкетната Комисија за настаните од 24 декември да продолжи со работа во најкус рок, бидејќи може да се одрази на октомврискиот извештај на ЕК за земјата, бара Фатмир Бесими заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања.
– Сметам дека е од суштинска важност за процесот на европска интеграција прекинот во работата на Комисијата, кој резултираше по оставката на претседателот на Комисијата, да се надмине во најкус можен рок и Комисијата да продолжи со својата работа, бидејќи таа ќе биде предмет на оценување од страна на Европската комисија во есенскиот Извештај за напредокот на Република Македонија и доколку не покажеме напредок во оваа насока тоа може негативно да се одрази во оценката, која ќе ја добиеме во делот на политичките критериуми, вели Бесими во пишаната изјава.
Тој потсетува дека формирањето на Анкетна комисија за настаните од 24 декември, која треба ги разгледа околностите што доведоа до тие настани и да подготви објективен извештај е еден од основните аспекти на политичкиот договор од 1 март, кој се постигна со посредство на ЕУ.
Составот на Комисијата, посочува Бесими,
Ова беше поздравено и од Европската комисија како позитивен сигнал и волја да се идентификуваат причините кои доведоа до настаните од 24 декември и соодветно да се адресираат, стои во изјавата на вицепремиерот Фатмир Бесими.