БЕСА ќе го поддржи Шилегов на вториот круг од локалните избори

Од:

„Денес имав одлична средба со Арјанит Хоџа, генералниот секретар на БЕСА со кој разменивме мислења за состојбите во главниот град. Драго ми е што тој и неговата партија го препознаваат напредокот што Скопје го направи во изминатите четири години и ми даваат поддршка во вториот круг. Обединувањето расте и нашиот блок постојано се окрупнува. Одиме заедно на победа, победа за еднаков град за сите“, вели Шилегов за средбата со ГенСек на Беса.

„Скопје за четири години целосно се промени, од град каде владееја поделби и нерамномерен развој, денес Скопје е сосема поинаква приказна. Скопје вложува во секој дел од градот со цел сите негови жители да имаат еднаков пристап до квалитетна и модерна инфраструктура. Во следните четири години продолжуваме обединето за подобро, модерно и европско Скопје“, истакна Шилегов.

Би можело да ве интересира

Седат Сулејмани избран за шеф на изборниот штаб на „Беса“ и коалицијата „Вреди“

Горан Наумовски

Сејдиу: Техничкиот ги навредува работниците, кабадаии во Собрание, кабадаии во Влада, кабадаии во полиција

Горан Наумовски

Беса: На средбата во Приштина со Курти и Конјуфца, присутните лидери ја посочија и идејата за претседател Албанец

Движење БЕСА: ДУИ, СДСМ криминалот и корупцијата се при крај

Горан Наумовски

Движење БЕСА: Криминалците на ДУИ се заменуваат со криминалци на Ахмети

Горан Наумовски

БЕСА: ДУИ да не ја штити платата на Беким Незири од 3000 евра, туку и да го исклучи од партијата