Беса: На средбата во Приштина со Курти и Конјуфца, присутните лидери ја посочија и идејата за претседател Албанец

Од:

Политичките случувања во двете земји, новите можности за соработка во насока на унапредување на позицијата на Албанците во Северна Македонија и европската перспективата на нашите земји, биле во фокусот на вчерашната средба во Приштина на тројцата лидери на Европскиот сојуз за промени, Африм Гаши, Биљал Касами, Изет Меџити, советникот на косовскиот премиер за Северна Македонија, Беким Ќоку, како и претседателот на АА, Арбен Таравари, со премиерот на Косово, Албин Курти и претседателот на Собранието, Глаук Конјуфца, соопштија денеска од Движењето Беса.

– Сите присутни лидери ја посочија и идејата за претседател Албанец, фигура која треба да биде личност со интелектуален кредибилитет и која ќе го обедини албанскиот фактор во Северна Македонија и достоинствено ќе ги претставува сите граѓани на нашата земја, се наведува во соопштението од Беса.

На оваа средба, по чие завршување, како што стои во соопштението од Беса, на јавноста и официјално и било соопштено од кабинетот на премиерот Курти за пријателскиот разговор, се разговарало и за многу други теми кои, се вели во соопштението, ги преокупираат албанските граѓани како во Северна Македонија, така и во целиот регион на Западен Балкан.

Состаноците од овој тип, најавуваат од Беса во соопштението, ќе продолжат и во иднина, имајќи во предвид дека се многу плодни и за двете земји.

Би можело да ве интересира

Седат Сулејмани избран за шеф на изборниот штаб на „Беса“ и коалицијата „Вреди“

Горан Наумовски

Сејдиу: Техничкиот ги навредува работниците, кабадаии во Собрание, кабадаии во Влада, кабадаии во полиција

Горан Наумовски

Движење БЕСА: ДУИ, СДСМ криминалот и корупцијата се при крај

Горан Наумовски

Движење БЕСА: Криминалците на ДУИ се заменуваат со криминалци на Ахмети

Горан Наумовски

БЕСА: ДУИ да не ја штити платата на Беким Незири од 3000 евра, туку и да го исклучи од партијата

СДСМ бара БЕСА и ДПМНЕ да ја повлечат одлуката за уривање на крстот на Попова Шапка

Катерина Ѓуровски