Беса и Алтернатива имаат 48 часа да одговорат дали ќе коалицираат со Алијансата за Албанците

Од:

Алијансата за Албанците ќе прати писмена понуда до партиите Беса и Алтернатива со цел да ги повика на предизборна коалиција, најави вечерва по завршуавњето на Централното претседателтво, партискиот лидер Зијадин Села.

Тој истакна дека оваа понуда е всушност стар договор.

„Ова е став кој датира од вториот круг на локалните избори кога сме пружиле рака и сме се договориле дека кога и да има нови изборите влегуваме заедно во коалиција со таа политичка партија со која тогаш коалициравме, а за жал сега е поделна на две партии. За нас дадениот збор е важен поради конзинстентноста и сериозноста и пред граѓантие, не е за лични потребни туку за јавен интерес. Да донесеме демократија во албанското општество во Северна Македонија , бидејќи тоа ни фали веќе 18 години со оглед дека живееме во политичкји монизам“, изјави Села.

Алијансата за Албанците ќе чека 48 часа на одговор на писмената понуда.

Би можело да ве интересира

Алијанса за Албанците: ВРЕДИ што поскоро да се повлече од оваа екстремна влада против Албанците

А1он

АА: Азир Алиу излажа155 здравствени работници

Алијанса за Албанците: Изјавите на Мицкоски се скандалози и се провокација кон чувствата на Албанците

Алијанса за Албанците: Ги избравме тројца кандидати за градоначалници за Струга, Дебар и Арачиново

АА: Таравари и Рамадани биле пречка за вработувањата во здравствениот систем

AA: ВМРО предлага вработувања во полицијата “без оглас” и “без правична застапеност”, ВЛЕН ги брани