Берово утрово со најниска температура

Од:

Најниска температура утрово во Македонија е регистрирана во Берово, каде се измерени четири степени под нулата. Температура под нулата утрово имало и во Струмица минус два, и Демир Капија, Скопје – Петровец и Битола со минус еден. Во другите градови се утринската температура се движела од нула во Виница, Тетово и Гевгелија, еден во Скопје, Крива Паланка, Штип, Лазарополе, Куманово и Прилеп, два во Дебар, три во Охрид, четири во Прето и Маврово, пет во Пожаране, шест во Ѓуриште, Крушево до седум степени во Тополчани.

Преку ноќта времето беше малку до умерено облачно, а изутринава облачноста се зголеми и времето е умерено до значително облачно. Во некои од повисоките места дува слаб до умерен ветер од западен и северен правец.

Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се зголемува, така што во текот на ноќта ќе има локален дожд, особено во западните и северните делови. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе се движи од 13 до 19 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 16 степени.

Утре во утринските часови се уште ќе има локален слаб дожд, а во текот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Потоа во наредните денови ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со температури во рамките на просекот. Ветерот ќе го смени правецот во јужен и ќе биде со умерен интензитет.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски