Бериша и Мета повторно во коалиција

Од:

Владејачката демократска партија на албанскиот премиер Сали Бериша, ќе коалицира со партијата Движењето за социјалистичка интеграција на Илир Мета, јави дописникот на МИА од Тирана.

Ова јавно го соопшти Астрит Патози, координаторот на пратеничката група на ДП, додавајќи дека е се уште рано да се каже дали коалицијата ќе биде пред парламентарните избори закажани за 23 јуни или по изборите.

– Ние сме партија која ги почитува изборните договори, изјави Патози не оставајќи а да не спомене дека се сигурни во изборниот триумф и на овие избори, она што постојано го повтрува и неговиот партиски лидер, Бериша.

Патози ги коментираше и изјавите на премиерот Сали Бериша, за национално обединување на Албанците, оценувајќи при тоа дека не станува збор за примитивен и агресивен национализам, туку напротив „од нашите изјави нема закани за националистички бран“.

Според него обединувањето на Албанците во една држава е цел на идните мандати, а артикулацијата на тотално обединување на Албанците ја направил шефот на владејачкото мнозинство Бериша. По победата на изборите во 2005 година, немајќи мнозинство во Парламентот, демократите на Бериша формираа коалициска влада со партијата на Мета, со што за првпат Албанија доби деснолевичарска влада.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хаос во албанскиот парламент: масовна тепачка на пратениците

ВИДЕО: Фрлен Молотов коктел врз канцеларијата на Еди Рама, испукани гумени куршуми

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Седум дена хаос во Тирана, молотови коктели, водени топови: Рама не преговара, ќе објави мерки

Катерина Ѓуровски

Полицијата употреби гумени куршуми и солзавец против демонстрантите во Тирана

(ВИДЕО) Хаос во Албанија. Демонстранти палат и кршат продавници, повеќе од 150 повредени

(ВИДЕО) Тирана e во пламен: Демонстрантите бараат оставка од Еди Рама

Горан Наумовски