Од Шанса за Центар преку соопштение објавија дека според резултатите на нивниот аналитички тим, се на третото место по бројот на освоени гласови.
„Им благодарам на нашите подржувачи и на нашите гласачите кои ја препознаа оваа шанса за поинаков Совет на општина Центар и потврдија каде е најголемата моќ за подобри локални политики. Се потврдува нашата верба дека и мала група посветени, храбри и стручни индивидуалци можат да влијаат на иднината на урбаното живеење. Ветивме дека ќе останеме транспарентни и како што порачавме, со еден советник бевме гласни, со три ќе грмиме.
Голема благодарност до најтесниот тим, до креативниот тим, до сите оние кои се приклучија на нашата платформа и ги вложија своите ресурси во реализација оваа идеја. Сакам да порачам дека нашата иницијативата полна енергија и ентузијазам, солидарност и сплотеност ќе продолжи и ќе расте. Во неа сме обединети граѓани со исти вредностите за достоинствен живот, инклузивност и еднаков пристап до јавните ресурси.
Иднината ќе ја обележиме со поддршката кон нашите советници и во чекорите кои следат, во креирање квалитетни решенија за унапредување на квалитетот на живот во Општина Центар“, се наведува во соопштението од Јана Белчева Андреевска од Шанса за Центар.