Беќаровски: Прво требаше да биде сменет организацискиот директор, а потоа докторот Јовев

Од:

Пропустите за кои слушнавме деновиве на Кардиохирургија се пред се од организациски и од финансиски карактер и затоа прво требаше да биде разрешен организацискиот директор, а дури потоа докторот Сашко Јовев вели во објава на социјалните мрежи докторот Нико Беќаровски од Клиниката за Токсикологија.

– Организационите директори на Клиниките беа “измислени” во септември 2007 година, од тогашниот Министер Имер Селмани и тогашниот Премиер Никола Груевски, за наводно да ги водат сите технички работи по Клиниките и со својот врзан потпис да спречат било какви финансиски малверзации на стручните директори, а во пракса се сведе на вдомување на репрезентативните партиски лепачи на плакати, вели Беќаровски.

Повикува Клиничкиот центар да биде интегриран со двајца директори кои ќе ги поставува Владата, додека 32-те единици сами да ги избираат стручните раководители од професорскиот кадар кој го имаат.

Според Беќаровси ова е единствениот начин за прогрес и врвна здравствена заштита за пациентите. Се друго според него е импровазација.

Би можело да ве интересира

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Странската комисија утврди сомнителни наоди кај девет случаи во скандалот со непотребните кариорируршки интервенции

Катерина Ѓуровски

Се спојуваат клиниките за кардиологија и кардиохирургија

Лозанче тврди дека се констатирани неправилно оперирани пациенти, Алиу ќе бара уште една потврда

СДСМ: Јавноста мора да знае кои клиники и доктори правеле непотребни операции

ВИДЕО: Од анализирани 19 случаи, кај 10 утврдено дека се непотребно извршени кардиохирушки операции

Катерина Ѓуровски