Бејта: Земјиштето за депонијата Русино е обезбедено

Од:

Градоначалникот на општина Гостивар, воедно и кандидат за третиот мандат на ДУИ за оваа општина, Невзат Бејта, на предизборната дебата на локалната телевизија „Арта чанел“ зборуваше за решението на проблемот со депонијата Русино, што, како што рече, ќе чини од 30 до 100 милиони евра.

– Ќе побараме од Министерството за екологија и Владата, во рок од една година да се реши проблемот со депонијата Русино. Со донесување на закон, ние ќе превземаме ингеренции врз оваа депонија. Штом ќе се донесе законот, за една година депонијата Русино ќе се реши и сето оваа ќе чини 30 до 100 милиони евра, рече Бејта.

Тој истакна дека и покрај тоа што ДУИ до денес беше на власт, ова решение било попречено од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

– Со новата Влада ветуваме дека ќе го решиме проблемот засекогаш. Земјиштето е обезбедено, останало само да се реализира проектот, додаде Бејта.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов во рокот, до крај на 2029 година

А1он

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите