Бејта вети асфалтирање на два патни правци кон селата Трново и Падалиште

Од:

Инвестирање во патната инфраструктура и подобрувањето на условите за живот, најави кандидатот за градоначалник на општина Гостивар од ДУИ, Невзат Бејта на денешните средби со жителите на селата од јужниот дел на општината.

На средбите со жителите на Трново и Падилиште им кажа дека деновиве добиле потврда од Министерството за финасии дека се прифатени проектите за асфалтирање на патниот правец од населбата Гарванец до Падалиште и од зградата на училиштето до селските гробишта во селото Трново. – Тие ќе бидат финасирани од ИПА фондовите за што веќе се обезбедени 120 илјади евра, изјави Бејта.

На жителите од селата Симница, Горна и Долна Ѓоновица, Страјане, Падалиште и Трново Бејта им ветил реализација на проекти кои ќе го заживеат овој дел од гостиварската општина.

– Овој регион нема многу жители, но ќе реализираме проекти кои ќе го заживеат овој прекрасен дел од гостиварската општина. Ќе инвестиравме во секое село, бидејќи никогаш не ги сметавме жителите од овој регион како гласови, рече Бејта, наведувајќи ги реализираните проекти и проектите од програмата за „Утрешен Гостивар“.

Како поважни инвестиции кои се предвидени во предизборната програма, Бејта ги напомена асфалтирањето на локалниот пат Симница – Церово, реконструкцијата на водоводната мрежа во Горна Ѓиновица, нов пат од Падалиште до Ќафа, подобрување на водоводната мрежа на Сушица, реконструкција на училишните згради во Симница и Страјане. Планирана е изградба на спортски терен во Трново.

Како поддршка на туризмот во програмата е предвидено и управување и истражување на пештерата во Долна Ѓоновица за, како што посочи, да биде подостапна за туристите.

На средбите, кандидатот за градоначалник беше придружуван и од лидерот на ДУИ, Али Ахмети кој се обрати на жителите во селото Србиново.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов во рокот, до крај на 2029 година

А1он

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите