Бејта: Унапредување на условите на сточарите во Гостиварскиот регион

Од:

Унапредување на условите на сточарите и стимулација за одгледување на добиток со општинските фондови во руралните населби, најави Невзат Бејта, кандидат за градоначалник на општина Гостивар од ДУИ, на вчерашната средба со сточарите од Гостиварскиот регион.

Како приоритети во новиот мандат, Бејта ги посочи и подобрувањето на руралната инфраструктура, реконструкција на каналот за наводнување на теренот во селото Бајница – Бањалница – Мал Туркан и Чајла, изградба на браната за каналот за наводнување во Чегране, како и поддршкатa на фармерите и сточарите, како да имаат продобивки од бенефитите од владините средства, ИПАРД фондовите и други фондови, како и отворањето на нови патишта до бачилата.

Во идниот мандат, додаде тој, ќе се разгледа можноста за обезбедување на соодветен простор во градот кој ќе служи за продажба на животни. Исто така, Бејта ги најави инвестициите од секторот за месната индустрија со цел да обезбеди најголем пласман на домашни производи во надворешниот пазар.

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата