Бејта: Трајно ќе се реши проблемот со водоснабдување во Гостивар

Од:

Трајни решенија за водоснабдувањето на општината и околните места, најави Невзат Бејта, кандидатот за градоначаланик на Гостивар од редовите на ДУИ, по остварените средби со граѓаните на населбите во јужниот дел на општината. Тој најави и некои проекти кои се предвидени во предизборната програма со наслов „За утрешен Гостивар“.

– Во населбата Фазанерија, со реализација на проектот „Вода за Гостивар”, дефинитивно ќе се оконча проблемот со недостиг на вода за пиење. Пред два дена, Министерството за транспорт и врски распиша тендер за изведување на работи за замена на главниот цевковод од Вруток па се до Гостивар. Изградбата на првиот резервоар за акумулација на вода е при крај и се наоѓа во близина на селата Вруток и Равен. Останатите три резервоари ќе се изградат во Здуње, Бањица и Чегране, рече кандидатот за градоначалник Бејта по посетата на овие населби.

Од проектите за населбата Циглана, предвидено е изградба на детско игралиште во близина на подрачното училиште „Единство” и нова водоводна линија со пречник од 300 мм од Горна Бањица до населба Циглана.

За населбата Бањешница предвидена е реконструкција на каналот за наводнување Бањица – Бањешница – Мало Турчане, замена на постоечката водоводна линија со нова со поголем пречник, изградба на детско игралиште во близина на спортскиот терен кај мостот и проширување на улицата покрај реката Вардар од мостот на улица „Беличица“ до мостот кај основниот суд.

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата