Бејли: Не ја започнав јас приказната со делењето бонуси во ДИК, јас само ја започнав дебатата

Од:

Џес Бејли денеска во Штип изјави дека не ја започнал тој приказната со делењето високи бонуси во ДИК. Тој напомена дека сите вработени таму го знаеле тоа и не само во Комисијата, тој го дал својот коментар за да почне здрава дебата по тоа прашање.

Тој беше запрашан дали Антикорупциската комисија треба да работи на овој случај и одговори дека медиумите треба тоа да ги прашаат нив.

На Правниот факултет во Штип, Бејли одржа предавање пред студентите и професорите на тема корупција. ТОј истакна дека широко распространетата корупција и слабото владеење на правото се две работи, кои одат рака под рака и дека младите се многу често најголемите жртви на корупција.

– Младите стануваат демотивирани, немаат доверба во системот. Тоа ги води до тешкиот избор да заминат од државата по подобар живот, вели Бејли.

Според него сите граѓани треба да се борат против корупцијата. Граѓаните треба да ја пријавуваат корупцијата во државните институции, во медиумите и кај Народниот правобранител.

– Институциите не работат како што треба, па луѓето бараат начин да ги натераат да работат подобро. Најчесто наоѓаат пријатели или подмитуваат некој, кој ќе ја заврши работата. Тоа изгледа како ситна работа, но има силен ефект врз развојот на државата, рече Бејли.

Тој укажа на примери дека токму поради постоењето на корупција во институциите, многу млади луѓе, но и инвеститори се откажуваат од инвестициите или од намерите да отворат свои фирми.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украинка избегала од војната, убиена е САД: Објавена е морничава снимка од нападот

Мерц: Европа не успева да се наметне на глобалната сцена, зависни сме од помошта на САД

Мадуро ќе мобилизира 8,2 милиони граѓани на Венецуела во одбрана од САД

Се намалува помошта на САД за армиите на европските земји кои граничат со Русија

Бесент: Во игра се нови санкции за Русија

Продолжен притворот за родителот, кој физички нападна двајца малолетни фудбалери на штипскиот стадион Бело Брдо