Бејли: Најдобар начин да ги запaметиме оние кои сме ги загубиле е да им помогнеме на оние на кои им е потребно

Од:

Најдобар начин да ги запаметиме оние кои сме ги загубиле е да им помогнеме на оние кои во моментот имаат потреба од помош, изјави американскиот амбасадор во Македонија, Џес Белји претставувајќи ја крводарителската акција и акцијата за собирање прехранбени продукти и облека по повод Националниот ден на служба и сеќавање, која се одржува во Амбасадата на САД.

– Духот на волонтеризмот се зголеми од 11 септември 2001 година и тој дух се обидуваме да го пренесеме денеска тука во Македонија со одржување на оваа крводарителска и собирна акција, рече Бејли и им се заблагодари на тимот на Црвениот крст на Скопје и на Институтот за трансфузиологија, со чија помош Амбасадата ја организира акцијата.

Оваа акција се спроведува веќе девет години и како што посочи Бејли секоја година зема се поголем замав. Минатата година била достигната рекордна бројка, а амбасадорот на САД истакна дека смета оти оваа година може да се урне тој рекорд.

Генералниот секретар на Црвениот крст Саит Саити истакна дека 11 септември 2001 година е трагедија која однела многу животи на недолжни граѓани и „настан кој не научи сите заедно да бидеме сложни солидарни и хумани“.

– Нека денешниот ден не потсети колку е важно да сме заедно да веруваме и да одвоиме дел од себе за другите, да помогнеме на оние кои имаат потреба од помош, на оние кои имаат потреба од нас. Постојано се потсетуваме и на универзалните принципи на хуманост и солидарност, кои го надминуваат локалното и добиваат глобални димензии. Солидарноста едни кон други не прави посплотени и поединствени токму таа го издигнува човештвото над страдањата, помошта над болката и дијалогот над конфликтите, порача Саити.

На присутните им се обрати и директорот на Институтит за транфузиологија Кочо Димитровски, кој ирази благодарност поради тоа што Инситутот и Црвениот крст имаат можност да бидат активни учесници во хуманитарниот настан и да ја спроведуваат мисијата да се обезбедат доволни количини сигурна крв за сите пациетни на кои им е потребна во Македонија.

– Денеска тука даруваме дел од себе, од нашата хуманост, даруваме дел од нашата крв, облека, храна за да им помогнеме на оние на кои сме им најпотребни, додаде Димитровски.

Крводарителската и собирната акција ќе трае до четири часот попладне. Освен во Скопје крв и облека во рамки на оваа акција може да се донираат и во Штип, Билота, Струга и Тетово.

Во акцијата учествуваа и високи државни функционери – претедателот на Собранието Талат Џафери, пратеници, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовки, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, како и повеќе градоначалници.

Националниот ден на служба и сеќавање почна да се одбележува во 2002 година во чест на жртвите, преживеаните и сите оние кои помогнаа во справувањето со последиците од нападите на 11 септември. Во 2009 година, Конгресот на САД усвои сојузен закон со кој го прогласи 11 септември за Национален ден на служба и сеќавање.

Би можело да ве интересира

30 евра чини патниот лист за граѓаните со неважечки пасош кои треба да се вратат во Македонија

Орце Костов

МНР го раскина договорот со фирмата од Зајас за која имаше сомнеж дека е донатор на ДУИ

Орце Костов

(ВИДЕО) Американската амбасада во Багдад е погодена од проектили

Горан Наумовски

Тепачка во амбасадата на БиХ во Аман: Се истепале дипломатите Битанга и Шкипина

Горан Наумовски

Нападната е пакистанската амбасада во Кабул, има повредени

Лавров: Руската амбасада во Бугарија не може да работи нормално