Бејли: Исполнувањето на договорот силно ќе ја придвижи Македонија кон НАТО и ЕУ

Од:

Американскиот амбасадор Џес Бејли денеска го поздрави договорот што го постигнаа партиските лидери за надминување на политичката криза во Македонија.

– Македонија победи. Сакам да ги пофалам лидерите што постигнаа договор синоќа и ги ставија граѓаните пред политичките интереси на партиите. Самиот договор ќе значи многу работа и исполнувањето  на одредбите од тој договор ќе значи дека Македонија силно ќе се придвижи кон НАТО и ЕУ, изјави Бејли по предавањето на донацијата од САД за македонското МВР.

Ве уверувам, рече тој, дека САД заедно со нашите партнери ЕУ и ОБСЕ ќе бидат заедно за да помогнат во напредокот на Македонија.

Бејли ги поздрави напорите на еврокомесарот Хан и на сите други од ЕУ за да и помогне на Македонија да ги надмине проблемите и да зачекори напред.

Американскиот амбасадор Бејли им се заблагодари и на новинарите кои во текот на вчерашниот ден со часови чекаа резултати од работата  и потенцира дека медиумите се битен чинител во овој процес.

Би можело да ве интересира

Апасиев нема да оди на лидерска: Ден на жалост заради двојното убиство, не средба за датум за избори

А1он

(ВИДЕО) Рокот за договор помеѓу Владата и ВМРО-ДПМНЕ е до првото гласање за отворање на Уставот

Орце Костов

Започна лидерската средба помеѓу Ковачевски и Мицкоски

Ана Ололовска

Средба на Ковачевски и Мицкоски за уставните измени

Ана Ололовска

Следната недела средба меѓу Ковачевски и Мицкоски

Ана Ололовска

Мицкоски за евентуална лидерска: Премиерот да биде свесен за времето, непоминувањето на измените, ќе значи пад на владата

Ана Ололовска