Бејли: Членовите на ДИК си поделиле бонуси во висина од девет плати

Од:

Американскиот амбасадор Џес Бејли обелодени дека членовите на Државната изборна комисија по локалните изборите поделиле бонуси во износ од четири месечни плати, додека за предвремените парламентарни избори минатата година си поделиле бонуси во висина од пет месечни плати.

Бејли оваа информација ја соопшти денеска на предавањето за борбата против корупција на Факултетот за безбедност во Скопје.

– Едногласно било изгласано во Комисијата, без разлика на партија или етничка припадност. И персоналот вработен во Комисијата добил помали бонуси. Но гласањето се одржало зад затворени врати, надвор од очите на јавноста, рече Бејли.

Тој праша зошто луѓето го премолчуваат ова и каде биле собраниските алатки за надзор на работата врз ДИК.

Би можело да ве интересира

ДИК: Во Брвеница гласањето се одвива без проблеми, гласаа 85 болни и немоќни лица

Поплава во зградата на поранешна „Нова Македонија“, без струја ДИК и МОН

Катерина Ѓуровски

Голем пропуст во ДИК: Ревизорите открија милионски пренасочувања

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК