„Бехтел и Енка“ имал договор за амбуланта, но „Санте Плус“ немала дозвола за работа

Од:

По тврдењата на болницата „Санте Плус“ дека од Државниот санитарен и здравствен инспекторат никој не ги повикал да достават документација затоа што амбулантата на „Бехтел и Енка“ во Гостивар не постоела воопшто, директорката на ДСЗИ, Рената Младеновска истакна дека извршен е надзор и изречена е забрана за вршење на дејност врз основа на доставен договор помеѓу конзорциумот и “Санте Плус 2“.

Младеновска појасни дека директорката на Санте Плус била повикана да ја достави документацијата до инспекторите, но таа не се појавила.

– – На 28 февруари е извршен вонреден инспекциски надзор во просториите на „Бехтел и Енка“ во Гостивар и таму се врши здравствена дејност. На лице место затекнати се игли, шрипцеви, медицински отпад и очигледно е дека се вршело нешто. Беше доставен договор до нас помеѓу „Бехтел и Енка“ и „Санте Плус 2“.

Во него се нагласени услугите кои ќе ги дава „Санте плус“ од примарно ниво и бидејќи немаше доставено решение за дозвола за работа од Министерството за здравство, ние сме должни да забраниме вршење на здравствена дејност каде што нема дозвола од министерот – рече Младеновска.

Од Санте Плус 2 тврдат дека амбулантата воопшто и не постоела но и тврдат дека не би работеле на штета на било кој.

Пред десет месеци Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отвори предмет по допрен глас за набавката на преговарач и надзор за изведбата на автопатските делници од коридорите 8 и 10-д, за кои веќе беше одлучено да ги гради „Бехтел и Енка“.
Обвинителот, Ислам Абази пред некој ден на брифинг со новинарите кратко рече дека како обвинителство постапуваат во врска со предметот за надзорот над „Бехтел и Енка“.

Би можело да ве интересира

Битиќи до жителите на Бутел: Резултатот е нула-нула, a на 8-ми мај заеднички одлучуваме за победникот

Горан Наумовски

Битиќи од Чучер Сандево: На 8 мај гласовите се бројат од нула – сите прогресивни сили ќе гласаат ПРОТИВ ксенофобијата на ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Захариески од ЗНАМ: На гостиварци им се одземаат имоти за автопатот по непристојни цени

(ВИДЕО) Битиќи: Поддршка од 1,35 милијарди евра и пристап до европските пазари за нашите земјоделци

Завршени 89 проценти од експропријацијата за автопатот Гостивар – Тетово, 70 проценти за Битола – Прилеп

Уставен не поведе постапка за законските измени за работните часови од Договорот со „Бехтел и Енка“

Катерина Ѓуровски