„Бегалци и книги“ на градскиот плоштад во Куманово

Од:

Центарот за интеркултурен дијалог од Куманово заедно со своите волонтери денеска организира настан „Бегалци и книги“ на градскиот плоштад во Куманово.

Посетителите од 17 до 20 часот ќе можат да проследат мала изложба на фотографии од децата од бегалскиот камп на Табановце, да донираат книги на арапски, англиски или некој друг јазик и да ги споделат своите размислувања за бегалската криза.

„Бегалци и книги“ е дел од активностите на проектот „Волонтирање за вклученост и толеранција“, дел од програмата „Еразмус+“ и е поддржан од Националната агенција за европски образовни програми и мобилности, а финансиран од Европската комисија.

Би можело да ве интересира

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе

Трите деца пронајдени на улица се прегледани во болница, случајот го следи Центарот за социјални работи – Куманово

Горан Наумовски

Три деца пронајдени без свест во Куманово, сомнежот е на труење од вдишување лепак

Горан Наумовски