Бегајте од луѓе кои се обидуваат да ја релативизираат одговорноста на Владата

Од:

Не заборавајте да бегате од луѓе кои еурокремот го чуваат во замрзнувач исто како и од оние кои се уште ја чуваат заштитната фолија на телефонот.

Од луѓе кои тврдат дека лажната бајадера е подобра од оригиналот.

Од оние кои ставаат полн резервоар гориво во својот автомобил а не ве префрлаат до дома.

Од пушачи кои не пушат во сопствениот автомобил.

Од луѓе кои се однесуваат лошо со своите блиски а пристојно со новозапознатите.

Од луѓе што користат туѓ интернет.

Од луѓе кои не знаат да остават пари на музика.

Од луѓе што постојано се пребројуваат.

Од луѓе на кои имате чувство дека постојано нешто им должите.

Од луѓе со кратка меморија.

Од луѓе со постојано среден кревет.

Од луѓе со постојано сува бања.

Од луѓе кои секогаш без исклучок се парфимираат само два пати, никогаш повеќе.

Од луѓе кои секогаш бараат бесплатен паркинг.

Од луѓе чие возило е постојано гаражирано.

Од луѓе кои ви велат да ги соблечете кондурите заради паркетот.

Од луѓе кои ги невира вашата човечност.

Од луѓе кои се обидуваат да ја релативизираат одговорноста на Владата.

Дејан Блажески-советник во општина Охрид

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска