Беџети не прецизира до каде е екстрадицијата на Демири и Исмаиловиќ

Од:

Министерот за правда Блерим Беџети денеска изјави дека е во тек постапката за екстрадиција од Косово на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, првообвинети во случајот „Монструм“, но не прецизира кога тие би можеле да бидат доведени во Македонија за да одговараат за петкратното убиство кај Смилковското езеро.

– Во име на Министерството за правда веќе се имаме изјаснето за екстрадицијата. Постапката тече како и за сите друи екстрадииции и комуникацијата меѓу македонското и косовското министерство за правда е одлична. Се тече по редовна постапка, рече Беџети, одговорајќи на новинарско прашање на конференцијата за Проектот за македонската судска пракса.

Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, по 11-месечно бегство, беа уапсени на 3-ти овој месец во Приштина.

Судскиот процес за петкратното убиство, во отсуство на двајцата првоосомничени, почна на 20 декември 2012 година,  а на обвинителната клупа седнаа Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Рами Сејди и Хаки Азири.

На 12. април минатата година кај Смилковското езеро без причина беа убиени Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и Борче Стефковски.

Би можело да ве интересира

Врховниот суд донесе пресуда за случајот „Монструм“ со која жалбите на обвинетите се одбиваат како неосновани

Апелација ги потврдени доживотните казни за масакрот кај Смиљковско Eзеро

Азири: Службите за лични и финансиски придобивки го организира случајот „Монструм”

А1он

Курти не одговори дали и кога Косово ќе ги испорача Исмаиловиќ и Демири, осудените во „Монструм“

Рустеми се согласил да им се намалат казните на осудените за насилствата на протестите за „Монструм“

Кристијан Ландов

Заев очекува Косово да постапи според меѓународното право и да го испорача Африм Исмаиловиќ

Жарко Настоски