Беџети: Македонија ги презема сите постапки за екстрадиција на Исмаиловиќ и Демири

Од:

Министерот за правда Блерим Беџети денеска на прес-конференција изјави дека Македонија ги презема сите постапки за екстрадицијата на првообвинетите во случајот „Смиљковско езеро“, Африм Исмаиловиќ и Алил Демири.

– Министерството за правда ги презема сите постапки, како и за сите други случаи, така и за овој. Ние сме во комуникација со косовското Министерство за правда. Се уште не сме официјално известени, но по сознанијата што ги имаме факт е дека таму има сторено кривично дело од страна на обвинетите и дека од правна гледна точка треба да заврши постапката во Приштина. Потоа ќе добиеме и одговор за екстрадиција, изјави министерот одговарајќи на новинарско прашање.

Беџети инсистираше да не се прејудицира во однос на екстрадицијата, посочувајќи дека македонското Министерство за правда има коректни односи со министерствата од сите соседни држави имајќи ги предвид, како што рече, иницијативите за билатерални договори со сите држави во регионот.

– Сметам дека треба да причекаме да завршат сите постапки, повтори министерот за правда.

Би можело да ве интересира

Врховниот суд донесе пресуда за случајот „Монструм“ со која жалбите на обвинетите се одбиваат како неосновани

Апелација ги потврдени доживотните казни за масакрот кај Смиљковско Eзеро

Азири: Службите за лични и финансиски придобивки го организира случајот „Монструм”

А1он

Курти не одговори дали и кога Косово ќе ги испорача Исмаиловиќ и Демири, осудените во „Монструм“

Рустеми се согласил да им се намалат казните на осудените за насилствата на протестите за „Монструм“

Кристијан Ландов

Заев очекува Косово да постапи според меѓународното право и да го испорача Африм Исмаиловиќ

Жарко Настоски