Барањето на Унијата на средношколци против задолжителна математика доставено до МОН

Од:

Унијата на средношколци на Македонија денеска во Министерството за образование и наука ја доставила Средношколската платформа – документ кој ги содржи барањата на средношколците во врска со измените во полагањето државна матура.

– Нашето главно барање е математиката да не биде задолжителен предмет при полагањето на државната матура за сите ученици, односно матурантите да имаат право на избор на предмети при полагањето на државната матура, информира Унијата, чии претставници вчера го соопштија нивното барање.

Претставниците на Унијата од надлежните бараат прием и средба на која, како што е наведено во соопштението, непосредно ќе се разговара за настанатата состојба и надминување на проблемите кои ги засегаат средношколците, а особено матурантите, и се надеваат на позитивен одговор во најкус можен рок.

Би можело да ве интересира

До 20 ноември аплицирање за студентска стипендија, МОН ќе додели вкупно 3000 по нов модел на распределба на средствата

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

МОН со остар демант: Левица манипулира со податоци од ревизија

НАкС: МОН игнорираше голем дел од нашите предлози за високо образование

МОН: Загадувањето на воздухот во затворени простории понекогаш може да биде полошо од надворешното ако не преземеме мерки

Горан Наумовски

Во Кочани над 50 наставници останаа без работа