„Балкан Инсајт“: Спорот меѓу Скопје и Софија може да го загрози проширувањето на ЕУ

Од:

Разликите меѓу Софија и Скопје потенцијално може да ги надминат границите на билатерален спор и да ја доведат во опасност целата агенда за проширување на ЕУ, оценува информативниот портал „Балкан Инсајт“.

– Ако Бугарија го блокира почетокот на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ, можно е истото да го стори и со Албанија, бидејќи Софија претходно инсистираше дека двете земји, кои годинава добија зелено светло од Брисел за старт на преговорите, треба да одат заедно во пакет, додава порталот.

Германија, пак, инсистира на одржување на првите меѓувладини конефернции со двете земји до крајот на нејзиното претседавање со ЕУ, па од таму, според „Балкан Инсјат“, Берлин ги интензивира дипломатските напори за надминување на спорот за историјата и јазикот меѓу Бугарија и Северна Македонија, со цел да не се блокира почетокот на преговорите за членство на Скопје со Унијата.

Порталот потетстува дека во тој контекст шефот на германската дипломатија Хајко Мас и министерот за Европа, Михаел Рот во понеделникот беа домаќини на министерот за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи и вицепремиерот задолжен за европски прашања, Никола Димитров и на шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева.

Според „Балкан инсјат“, и германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер се приклучи кон напорите за изнаоѓање решение, со телефонски разговор со шефот на државата Стево Пендаровски, по што „се очекува своето внимание да го насочи кон бугарскиот претседател Румен Радев“.

Порталот потестува дека Бугарија не го признава македонскиот јазик и го смета за дијалект на бугарскиот, па бара во рамки на ЕУ тој да се нарекува „официјален јазик според Уставот на Северна Македонија“.

– Ова е истата формулација употребена во историскиот Договор за пријателство, што двете соседни земји го потпишаа во 2017 година, додава инфопорталот.

– Бугарија, исто така, ги оспорува и македонските ставови за некои прашања од историјата, како што е етничкото потекло на револуционерот од отоманскиот период Гоце Делчев, кој двете земји го слават како национален херој, додава „Балкан Инсјат“.

Би можело да ве интересира

Газпром предупреди: Европо, внимавај

Предраг Петровиќ

Европската Унија разгледува низа можни „одмазднички“ потези против Русија

Пропадна првичниот план за Украина, ЕУ итно се обидува да смисли план „Б“

Вајц: Уставните измени се услов за напредок на македонскиот европски пат

(ВИДЕО) Филипче: Ако вака продолжиме ЕУ ќе не врати повторно на ниво на скрининг

Гаши: Ниту едно билатерално прашање не смее да биде пречка за напредокот кон ЕУ

Горан Наумовски