Балетските, хорските и оркестарски уметници до Владата: Со придонесите ќе нè доведете на раб на егзистенција

Од:

Со отворено писмо до Министерството за финансии, Министерството за труд и социјална политика и до Министерството за култура се обратија балетските, хорските и оркестарските уметници тие пишуаат:

„Ви се обраќаме од името на сите вработени од Националните институции Македонска Опера и Балет и Македонска Филхармонија. Ние сме длабоко погодени од измените на законот за плаќање на дополнителни придонеси за хонорарно работење. Убедени сме дека овие најнови измени на овој закон ќе придонесат за брзо згаснување на поголемиот дел од нашата уметничка креација за којашто и досега заработувавме минимално . Ние сме таа креативна сила која општеството го издигнува културно и емотивно на едно многу повисоко ниво, но за жал со овие нови измени на законот таа иста сила ќе биде целосно заслабена и доведена до работ на егзистенцијата. Сакаме да алармираме и да Ви укажеме дека со овој закон се маргинализира уметникот и уметноста која тој ја создава. По воведување на оваа законска мерка ние нема да престанеме да креираме, меѓутоа нашата креација ќе стане од една страна безволна и бесцелна, но од друга страна уметникот ќе биде приморан истата да ја усмери против тоа нешто што го гуши и уништува а се’ со цел да ја врати својата природна позиција во општеството и повторно да работи на духовно и морално издигнување на целата нација. Ние и нашата професија, не сме врзани само со нашето работно место во нашите матични институции, бидејки ние сакаме, умееме, можеме и мораме да бидеме и надвор од нив, се’ со цел уметноста да ја доближиме до секого и да ја шириме насекаде бидејки за истата граници не постојат.

Учесници сме на голем број проекти од музичката и балетска сфера надвор од матичните институции: на балетски претстави, концерти, во оркестар за филмска музика,на фестивали итн. Наши колеги (македонски оркестранти и хористи) имаат остварено производсво – снимање на филмска музика за преку петстотини филмови, од кои 100 тина за Холивуд. Тоа е музика која се пласира во главните центри на Филмската индустрија. Истите тие колеги уметници ставија печат со снимање на музиката за најголемиот огномет во историјата кој што беше организиран за дочекот на новата 2014 г. во Дубаи и пренесуван од сите светски медиуми. Се плашиме дека сето ова со новите мерки набргу ќе згасне.

Исто така овој закон е дискриминирачки за сите македонски граѓани и создава нелојална конкуренција поради фактот што странски државјани кои што се нерезеденти, ќе можат хонорарно да заработуваат во Македонија и истите ќе бидат одданочени со 10%. Со ова македонскиот граѓанин ќе стане граѓанин од втор ред во сопствената држава. Ова како народ не смееме да го дозволиме!

Сметаме дека со овој закон ни се сече и последната гранка на којашто можевме малку помирно да седиме поради дополнителните примања. Меѓутоа најголем дел од ова, со Вашата одлука да се полнат фондовите на буџетот, ќе остане само историја и ќе мораме во блиска иднина тие исти средства да ги бараме преку платите кои ионака се едни од најниските во регионот споредено од сродните дејности.

Ние оркестарските, хорските и балетските уметници сме против овие измени на законот за придонеси за хонорарно работење. Бидејки во многу ваши изјави истакнувате дека се гордеете со културата и уметниците и дека тие Ви се на прво место, Ве замолуваме сериозно да ги земете во предвид и да ги разгледате нашите факти, но воедно и да го чуете нашиот глас.“

Би можело да ве интересира

Агенцијата за филм без критериуми исплаќала хонорари од 15.000 до 60.000 денари за рецензенти, утврдија ревизорите

A1on

(ВИДЕО) Актери: Доста со овој грабеж, укинете го законот за хонорари!

Ана Ололовска

ВИДЕО: Нека го повлечат законот за хонорарци пред да си заминат од власт

Ана Ололовска

ВИДЕО: Во Уставен суд поднесени 6.400 претставки за хонорарите

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Протест на хонорарците: УА Лопови

Ана Ололовска

(ВИДЕО) АЈДЕ!: Утре сите на протестен марш – НЕ за неуставните закони за хонорарците!

Ана Ололовска