Бачев повика на протест: Или ќе дозволиме маринетската власт да избрише се што е македонско или Македонија ќе победи

Од:

Како што е познато, лани на 4-ти ноември, осумдесет и четири организации – политички партии и здруженија од земјата и дијаспората потпишаа Повелба за стратешка соработка со која се формира Кризен штаб против промена на Уставот, распуштање на Собранието и распишување на избори, кој настапува под слоганот „Македонија-Блокира“. Како што најавивме, во изминатиот период „Македонија-Блокира“ организираше сенароден протест пред Собранието, собири пред домовите на 8-те одметнати и уценети пратеници, блокада на магистрални патишта во градови низ Македонија, блокада на булевари во Скопје и блокада на граничниот премин Богородица, рече Јанко Бачев на прес-конференција.

Тој информираше дека утре „Македонија Блокира“ организира сенароден протест пред Собранието на Република Македонија во 12 часот.

– Утре во Собранието се одржува седница на која пратениците ќе гласаат за уставните амандмани за промена на Уставот. Значи, во ист ден, во исто време, внатре во Собранието пратениците ќе гласаат за уставните амандмани, а надвор пред Собранието ќе биде народот да ја брани македонската држава и македонскиот народ. „Македонија Блокира“, македонскиот народ и поголем дел од граѓаните на Република Македонија влегуваат во финална битка со марионетската власт во Скопје и нејзините странски ментори кои сакаат со уставните измени да избришат се што е македонско, рече Бачев.

Тој додаде дека светот гледа оти Македонците се решени по секоја цена да го спречат, како што рече, геноцидот врз македонскиот народ.

– Соочени сме со историски момент каде е важно како Македонци да останеме свои на своето. Првата фаза кога настапувавме како „Македонија-Бојкотира“ и во која победивме со народот на 30 септември со неуспешниот референдум, е веќе зад нас. Сега доаѓа втората фаза „Македонија – Блокира“. Влегуваме во финална битка за одбрана на македонската држава и македонскиот народ. Последна шанса за нашата генерација. Затоа, повикуваме и очекуваме масовно присуство на Сенародниот протест пред Собранието без оглед на политичката или било каква припадност оти ова не е битка за поединци, лидери или за власт, се бориме за одбрана на светото македонско име, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ, рече Бачев.

Лидерот на Единствена Македонија додаде дека имаат информации за смислени провокации и провоцирање на инциденти, па повика на воздржаност, бидејќи ова, како што рече, е собир за одбрана на највисоките национални и државни интереси.

– Го повикуваме и претседателот на државата Ѓорѓе Иванов да биде на страната на македонскиот народ и да се придружи на големиот Семакедонски протест. Антимакедонските политики го допреа врвот, или ќе дозволиме марионетската власт во Скопје да избрише се што е македонско или Македонија ќе победи. Целта на Сенародниот протест е со еден услов, а тоа е распуштање на Собранието и избори без Зоран Заев како премиер. Масовно излегување на Семакедонскиот народен протест пред Собранието, по кој ќе биде решена големата дилема, или ќе дозволиме марионетската власт да избрише се што е македонско или Македонија ќе победи. Трето нема, рече Бачев.

Би можело да ве интересира

Единствена Македонија: 27 април е еден од светлите датуми во поновата македонска историја, одговорност за монтираните осуди мора да има

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Потребно е вештачење и дијагноза за психичката состојба на Џафери и заразените пратеници со скафандери

Ана Ололовска

„Марионетската влада на Заев да не ја купува сомнителната вакцина АстраЗенека“, повика партијата на Бачев

Жарко Настоски

Бачев: Чуствува ли Заев срам што пријателите од НАТО го оставија на цедило?

Жарко Настоски

Бачев му пиша на Вучиќ: Дозволете Македонците да се вакцинираат во Србија, во име на пријателството меѓу двата народа

Жарко Настоски

Единствена Македонија: Одбивањето на „Спутник“ е недозволиво бидејќи здравјето не трпи политички каклкулации

Ана Ололовска