Пензионираниот професор на факултетот за безбедност, Иван Бабамовски на семинарот посветен на борбата против насилниот екстремизам кажа дека политичко безбедносната ситуација не е добра и очекува нови акции по Смиљковци.
„Ние го имавме Смилковци и јас очекувам дека ние ќе имаме уште неколку такви жестоки акции и би бил пресреќен како човек, како Македонец ако тоа не се оствари и нема да се срамам пред јавноста да кажам дека сум погрешил во моите проценки“, рече Бабамовски.
Бабамовски се согласува дека убиството кај Смиљковско езеро е терористички чин и дека со тоа се испратила порака за да се внесе страв меѓу граѓаните на Македонија.
„Криминалците кога делуваат тие се прикриваат и тие немаат никогаш намера да бидат откриени и да бидат познати. Терористите ако не бидат во јавноста претставени со нивната акција како да не направиле акција. Во Смиљковци се оставија такви жестоки траги да се знае дека е ова порака до граѓаните на Македонија, да им се внесе страв, а тоа покажува дека политичката безбедносна ситуација не е добра“ вели Бабамовски.
Бабамовски кажа дека спрегата на организираниот криминал и тероризмот е постојана и таа спрега меѓу криминалот, тероризмот и политиката на Балканот дава резултати затоа што криминално терористички групации носат на позиции на власта, криминализирани политичари кои понатаму само овозможуваат услови да може несметано да цвета криминалот,а тероризмот е само шлагот на организираниот криминал.