Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Од:

Пред да поднесам оставка, заедно со Азески бев член во економскиот совет на општина Охрид. Бев вчудоневиден кога човекот со сиот интелект кој го поседува зборуваше во суперлатив за економските политики што ги спроведуваше Владата на ДПМНЕ.

Поголемиот дел од локалните бизнисмени на понижувачки и сервилен начин му климаа со главата. Кога ќе се појавеше, станува од столчињата и во најмала рака се воодушевуваа што ги почестил со неговото присуство.

Да, да, токму на тој кој требаше да се залага за нивните интереси, а го правеше обратното…

На еден од состаноците се појави Бил Павлески. Азески, од алфа мажјак, премина во скромен, мирен, понизен… Пред Бил беше поинаков…

Во една дискусија се обидов да го повикам на сосема пристоен начин. Одговори, типично за оние од старата школа. Мрмореше нешто, па дофрли на моја сметка за искуството и младоста. Продолжи да зборува за состојбите од минатото, чиниш е нов кадар кој никогаш не бил на одговорни функции. Само го запрашав дали се исти мојата и неговата одговорност? Штама, освен звукот од водата што му ја ставаше во чашата тогашниот Секретар на општина Охрид.

Синоќа, го гледам истиот Азески. Се осоколил, па дури и не го персираше министерот.

Азески, каде беше годиниве? Време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект. Да се вратиш во Пештани и да раскажуваш дека Мило Ѓукановиќ ти доаѓа на роденден…

Некои работи мора да имаат мерка, а не да делуваат како да се будиме од кошмар во кој одново страдаме од ефектот на „веќе видено“.

Дејан Блажески

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Никола, биди човек и кажи им на своите дека ги предаде по теркот на Тупурковски

Ана Ололовска